Српските естрадни ѕвезди во издание без лифтинг, ботокс, липосукција, затегнување, силикон ги граделе своите кариери настапувајќи заедно во Југославија, далечната 1993 година. Фолк екипа на соништата Мира Шкориќ, Светлана Величковиќ (сеуште не била во брак со Аркан) актерката Снежана Савиќ, Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Добривоје Топаловиќ, Славко Банјац, Зоран Калежиќ позирале далечната 1993-та година за време на заедничката турнеја низ Србија, кога не сонувале дека фотографиите дваесет години подоцна ќе ги кријат под тепих.
Кариерите тогаш ги граделе настапувајќи во градови и села во Србија, Косово, додека голем број од нив денес може да се слушнат во елитни локали низ светот. Единствено Цеца може да се пофали со мега популарност, големи концерти. Препознатливиот стил на деведесетите не ги заобиколи ни фолк ѕвездите, кои пред дваесет години не слушнале за естетска хирургија. Немало липосукција, ботокс, затегнување, силикони… но, мора да признаете дека немале потреба од тоа. Најголеми промени во својот изглед имаат Мира Шкориќ и Ана Бекута.
Подготви: Редакција Музика24
