Даворин Боговиќ екс „Прљаво Казалиште“ на 17-ти август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво Казалиште“ за прв пат ќе одржи концерт во Македонија и тоа ексклузивно во Битола.
„Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet“ се стиховите со кој Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансираше во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите кои го одбележаа југословенскиот new wave: „ Mi plešemo“, Crno-bijeli svijet“, „Sve je lako kad si mlad“, „Ne zovi mama doktora“, „Uzalud vam trud svirači“, „Kishe Jesenje”, „Marina” и десетици други песни кои ги знаат неколку генерации од овие простори.
Одлична прилика сите да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво Казалиште“. Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на www.mktickets.mk. Сцена продукција на тој датум го слави својот 2-ри роденден, а по тој повод роденденски попуст на влезниците до 5-ти август по цена од 200 денари. Од 6-ти август 500 денари, а на билетара на денот на концертот по 700 денари.
