Се вери Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој што со својот глас го освои цел Балкан, а воедно со својот шарм ја освоил и неговата избраничка Аида.
“Таа рече ДА ❤️❤️ ТЕ САКАМ АИДА ❤️”, напиша Хасановиќ на социјалните мрежи, а веднаш потоа честитки доаѓаа од сите страни.
Навистина мора да признаеме дека Хасановиќ е заљубен до уши, бидејќи само пред неполни две години Ален во ТВ емисијата кај Гоце Балада истакна дека рано е за женидба, меѓутоа не било баш така.

