Пред битолската публика утревечер ќе се претстави култната македонска музичка група „Мизар“, една од најзначајните и највлијателни македонски групи, чија трага е длабоко врежана во современата македонска култура.
Поводи за овој концерт да биде уште повеличествен се промоцијата на новото ЦД на групата „Мизар“ и прославувањето на 40 години успешно дејствување на домашната, но и меѓународна музчка сцена, затоа што „Мизар“ не е почитуван само во нашата земја, туку на целиот балкан, а и пошироко.
Можноста да се види „Мизар“ во целиот свој сјај ќе биде концертот на Платото на Офицерскиот дом во Битола, на 09-ти август со почеток во 21:00 часот.
