Кон крајот на декември минатата година, Охрид доби ново место кое го освежи ноќниот живот во градот. INclusive диско за кратко време се етаблираше како едно од најпосетените места за ноќна забава со квалитетна музика, добар пијалак и се разбира незаборавни журки. Охридската ривиера годинава се врати на нивото на посетеност од предпандемиските години, а ноќниот живот е задолжителен дел од понудата на секој туристички центар како Охрид. Од оваа летна сезона сите кои беа желни за добра ноќна забава на нашата ривиера, можеа да ја најдат во INclusive диско. Со комплетна понуда и квалитетот, INclsuvie оваа летна сезона се наметна како незаобиколна станица за сите гости во градот.
И како што беше ветено од менаџерскиот тим, отворањето беше само увертира на она што следуваше во изминативе 8 месеци вклучувајќи и оваа летна сезона. Програмата на INclusive понуди различни стилови на музика од најпопуларните домашни и странски артисти, но и диџеи кои го диктираа ритамот на кој играше Охрид и околината.
Што го прави ова диско посебно? Како што кажува и името, INclusive disco понуди се што се очекува од еден современ ноќен клуб. Гарантирана удобност и безбедност, со коректна услуга во нов урбан амбиент. Извонредно уредениот простор, одличното осветлување и озвучување, а се разбира и спектакуларната програма привлекоа неколку илјади гости од градот, околината, цела Македонија но и бројни туристи од целиот свет.
Mike Ride, Galoski, Chiko, Mats, Boka Conga, ConTruDj, Cyrilic, Shorty P, Martino, Architect, Nasty, Irie Scratch, Gec, Brass Brothers, Амадеус бенд, Амар Гиле, Драган Темелков, Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ, Саша Матиќ, Теодора Џефхеровиќ, Ана Кокиќ, DNK, Таско, Лозано, Неша Галија, Тони Зен, Зоран Илиев, Тоше Ангелески и многу други се најдоа на подиумот на INclusive диско. Листата со ѕвезди продолжува до крајот на летото со најпопуларните артисти од земјава и регионот.
Веќе сте во Охрид или планирате летен одмор наскоро ?! Сакате добра ноќна журка? Тогаш INclsive диско е вистинското место во Охрид за Вас.
















