Нова семејна серија, чиј тим го предводат познатите актери Бранка Катиќ и Никола Којо, а го комплетираат млади надежи како што е регионалната музичка ѕвезда Михаило Веруовиќ – Војаж, почнува со емитување на 29-ти август на РТС 1. Серијата ќе има 30 епизоди кои ќе се емитуваат на првата програма на РТС секој работен ден од 20 часот.
Серијата „У клинчу“ е создадена во заедничка продукција на Радио телевизијата на Србија и продуцентската куќа „Режим“. Се работи за искрена приказна за растењето, за моментите во кои младите на преминот од средно училиште стануваат студенти, работни луѓе , кои почнуваат да ги постигнуваат или се разочаруваат во своите амбиции. Гледачите ќе го запознаат семејството Ковач – брачниот пар Мира и Веља (Бранка Катиќ и Никола Којо) кои имаат двајца тинејџери. Преку приказните на овие и многу други херои, секој работен ден од 20 часот ќе ги следиме предизвиците со кои се соочуваат младите денес и нивните родители. Ќе боксираат и со своите први љубови, напуштање на семејниот дом, амбициите на нивните родители, во реалниот живот, но и во вистинскиот ринг, бидејќи речиси сите членови на семејството Ковач се занимаваат со бокс.
Помладите членови на тимот (Теодора Драгиќевиќ, Ивана Зечевиќ, Ѓорѓе Мишина, Анита Огњановиќ) имаат можност да застанат рамо до рамо со актерските великани како: Светлана Бојковиќ, Драган Миќановиќ, Небојша Дугалиќ итн.
Серијата „У клинчу“е создадена по идеја на продуцентите Милош Аврамовиќ и Аљоша Ќераниќ, а во режија на Данило Беќковиќ и Небојша Радосављевиќ.
