Фестивали

Министерството за култура ги одзеде средствата на „Joy Fest“ поради Аца Лукас

Турбо-фолк ѕвездата Аца Лукас и македонското девојче Каролина Гочева се овогодинешни главни ѕвезди на програмата на „Joy Fest“ во Крива Паланака. Лукас ќе настапи на 28-ми август, а Каролина еден ден претходно, 27-ми август.

На 27-ми август освен Каролина ќе настапат: Бени и „Нон Стоп“ и „Брас Брадрс“. Додека на 28-ми август, освен Аца ќе настапат „Црвена Јабука“ и DJ Гоце.

Фестивалот се одржува по 9-ти пат, а во рамки на „Кривопаланечко културно лето“. Организатори на манифестацијата е Општина Крива Паланка во соработка со културните институции од градот и неколку здруженија. „Joy Fest“ како засебна манифестација на културното лето го организира Здружението за културни и уметнички дејности „Џој Фест“ – Крива Паланка. Тие добија средства во висина од 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но по натписите во медиумите, Министерството за култура соопшти дека нема да ги исплати средставата поради настапот на Лукас.

„Организаторите на фестивалот годинава добија 153.000 денари од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Но, поради непочитување на критериумите и вметнување на турбо-фолк пејач во програмата, тие нема да ги добијат овие средства. Министерството за култура поддржува проекти кои се во функција на развојот, афирмацијата и промоцијата на културата, а особено внимание е посветено на поддршка на проекти на млади, на проекти наменети за деца или за лица со посебни потреби“.

На фестивалот претходно настапувале: Влатко Стефановски, „Ареа“, „Ван Гог“, „Рибља Чорба“, „Нокаут“, „Бајага и Инструктори“, Ален Исламовиќ итн.

Можеби ќе ве интересира: