По вчерашната долга музичка ноќ во Струмица, денес продолжува забавата. Вчера вечер на сцената на “Струмица Опен Фест” посетителите на овој голем музички настан кој што деновиве се случува во најисочниот град ги пречека големите музички ѕвезди кои ја отворија музичката програма на опен фест. Хаус звуците со придружба на електрична виолина или едноставно Ике де Кока синоќа спактакуларно ја отвори големата сцена на Опен фест.
Веднаш потоа на сцената се појавија младите струмички таленти кои само ја подготвија и загреаа публиката за она што следуваше. А веднаш по настапот на групата “Јупитер”, многобројната публика на струмичкиот плоштад беше подготвена за луда забава со групатa “Амадеус” која направи одлична атмосфера. После полноќ, домаќините на големата ОПЕН сцена Жарко Димитриевски и Стојне Стојанова како “шлаг на торта” ја најавија балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ со чии романтични песни публиката уживаше до раните утрински часови.
Вечерва на сцената на “Струмица Опен Фест” ќе настапат: “Френдс”, Суперхикс, Кирил Џајковски и Рибља Чорба. Уживајте и во вечерашната претпоследна музичка вечер, утре е финалето!
Подготви: Марија Поповска
