Фестивали

Само македонски изведувачи оваа година на „Josifovo Summer Fest“

„Josifovo Summer Fest” оваа година ќе се одржи во една вечер и само со македонски изведувачи. На 28-ми август во валандовското село Јосифово ќе настапат: Игор Џамбазов, „Гуру Харе бенд“, „Либеро бенд“ и „Суперхикс“.

Фестивалот во изминативе неколку години се органзираше во две вечери а настапуваа бројни музички ѕвезди од регионот како: Јелена Розга, Наташа Беквалац, „Нокаут” и многу други. Минатата година главна атракција на фестивалската програма беше познатата рок група „Рибља чорба. А исто така, помеѓу останатите настапуваше и Игор Џамбазов со „Гуру Харе“ кои и оваа година ќе бидат дел од програмата.

Можеби ќе ве интересира: