Музика на кирилица

Каролина со „Ти си мој“ се враќа на балканската музичка сцена

По 12 години пауза на балканската музичката сцена, Србија и регионот повторно имаат можност да ја слушнат и видат една од најголемите ѕвезди на македонската естрада, Каролина Гочева.

Публиката и обожавателите во регионот ги паметат хитовите на Каролина: „Кад волиш“ или „Више се не врачаш“ како и дуетот со Тоше Проески и песната „Помози ми“ или дуетот со Аки Рахимовски и песната „Бела песна“. Во изданието на Magic records, по долго време, Каролина подарува нова поп денс песна наречена „Ти си мој“.

Каролина се враќа во стилот на модерните осумдесетти, шармантна како на почетокот на нејзината кариера. Музиката за песната е напишана од Каролина, текстот е на Владимир Даниловиќ, а аранжманот е на Роберт Билбилов. Зад целиот проект стојат Авалон продукција како извршни продуценти.

Karolina - Ti si moj (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: