Познатата пејачака Викторија Лоба се омажи на интимна церемонија во Охрид. Лоба и нејзиниот вереник, бизнисменот Ѓорги Калешов стапија во брак после неколку години врска а беа верени од април 2019 година.
Викторија сподели една фотографија на која тие позираат покрај црквата Св. Јован Канео во Охрид. Лоба носи венчаница од дизајнерката Моника Коцарева.



