Музика на кирилица

Сузана Гавазова ќе стане мама

Се и се случи наеднаш. Се заљуби и сега е бремена. По само неколку месеци врска Сузана Гавазова и Јасмин од Шведска одлучија да го прошират семејството.

“Вистина е дека сум бремена неколку недели, затоа и не би сакала да зборувам за тоа. Знаете дека до три месеци бременоста се крие, но што е тука е”, призна Гавазова, која додаде дека свадба ќе има откако ќе се врати Јасмин, кој во моментов е во Шведска.

“Свадба ќе има, ако не успееме да ја направиме во ноември, тогаш ќе ја направиме следната година заедно со крштевката на детето ха, ха, ха. Има време за сериозни планови. Јас моментално сум во Македонија, а Јасмин замина за Шведска, така што кога ќе се врати, ќе го испланираме точниот датум за свадбата”, вели Гавазова.

Покрај овие убави работи кои и се случуваат на Гавазова кога е љубовта во прашање, таа по неколку години конечно ги среди односите со нејзината колешка Елена Велевска. Велевска на нејзиниот фејсбук профил постираше фотографија каде се тие две, настапувале заедно на семејна веселба. Мачинството очигледно ги променило и можеби Гавазова побарала од нејзината колешка некој совет, бидејќи Велевска веќе има три деца.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: