Во прв ред

По 3 години пауза ќе се одржи „Питијада“ во Велес

Традиционалната манифестација „Питијада“ се враќа по 3 години пауза. Фестивалот на питата и виното во ново руво беше обновен пред 15-тина години. Во 2019-та манифестацијата се откажа откако Велес го зафатија силни пожари, па средствата беа пренамените за пошумување и набавка на нова опрема за пожарникарите. А 2020 и 2021 година беа пандемиски па и тогаш не се одржа оваа позната манифестација. Повторно одржување на манифестацијата беше предизборно ветување на градоначалникот Колев, кое тој сега го исполни. Така оваа година „Питијада“ ќе се одржи од 7-ми до 9-ти октомври пред „Панини“.

Питата на која и е посветен според пишаниот документ со кој располага Општина Велес за питата пастрмајлија како автохтон производ датира од 1869 година. Истите записите укажуваат дека во тоа време во Велес се произведувале по 150.000 оки домашно вино годишно. Затоа и денес питата и виното не одат едно без друго. Целта на манифестацијата беше да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмалија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено да им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Македонија кои ќе го посетат настанот.

Во изминатите години на фестивалот настапија голем број на македонски и балкански ѕвезди како: Здравко Чолиќ, “Рибља Чорба”, Калиопи, Влатко Стефановски, “Прљаво казалиште”, Каролина Гочева и други. Програмата за оваа година се очекува наскоро.

Можеби ќе ве интересира: