Балканленд

Лепа Брена покрена линија на чорапи со хијалуронска киселина и злато

Пејачката Лепа Брена лансираше линија на женски чорапи со хијалуронска киселина и златни наночестички. По тој повод, балканската ѕвезда организираше дружба за медиумите, но и за колегите и пријателите во еден белградски хотел.

Ова е всушност идеја и моја голема желба од 1987 година бидејќи чорапите, како што знаете, се делот од модната колекција што најмногу се кине. Кога се родив, беа и чорапите. Таа моја голема желба успеа да се оствари кога започна короната. Можам да го наречам Бобa не само човек кој ми ги исполнува желбите, туку и реализира нешто што за мене беше невозможна мисија. Благодарение на него, неговата упорност и желбата на Филип да биде вклучен во целиот наш проект, со нашите идеи за имплементација создадовме чорапи „Lady B“ кои ќе можат да ги носат сите дами без разлика на тежина и возраст – изјави Лепа Брена.

Брена ја поддржаа многу познати личности како Александра Пријовиќ, Јована и Жељко Јоксимовиќ, Гоца Тржан, Ацо Пејовиќ со сопругата, Ненад и Мина Зимоњиќ, Јана Тодоровиќ, Мирка Васиљевиќ, Оливера Ковачевиќ со синот и многу други.

 Знаете дека пеам и танцувам на високи потпетици веќе 40 години и дека тоа е напорна работа. Веќе една година ги носам моите специјални чорапи. Во нив можете да се чувствувате удобно и слободно. Станува збор за чорапи кои имаат специјална хијалуронска киселина вткаена во конците како и наночестички златен прав, што дава дополнителна можност за удобност. – додаде Брена.

Фото: Никола Пантелиќ

Можеби ќе ве интересира: