Музика на кирилица

Yon Idy ја вклучува публиката во изборот на песни за првиот албум

Вечерва, 28 септември, со почеток во 21:00 часот, во пријатна и опуштена атмосфера во познатото центарско кафуле Макка, Јон ја кани публиката да биде дел од неговата музика. Тој ќе отсвири и отпее 12 до сега необјавени авторски песни во акустична верзија пред својата публика.

За прв пат на нашата сцена, музичар ја вклучува публиката во изборот на песни кои ќе се најдат на првиот албум. Јон, на нашата публика познат по специфичниот вокал и звук, издвои 12 необјавени авторски песни кои имаат потенцијал да станат дел од неговиот прв албум. Задачата на присутните ќе биде да одлучат кои песни најмногу им се допаѓаат, па песните кои ќе влезат во најтесен избор ќе бидат дел од првнчето на младиот изведувач. Сите заинтересирани можат подетално да се информираат на овојлинк (https://2by4digital.us14.list-manage.com/track/click?u=3916eed524659852fbc23f626&id=583096e56f&e=8b774df752.) .

„Ја ценам мојата публика и нејзиното мислење многу ми значи. Го избрав ваквиот метод на селекција на песни затоа што е според мене најдобар начин да покажам почит и доверба кон моите слушатели и фанови.“ – вели Јон.

Младиот кантавтор имаше набиена агенда изминатово лето и настапи на неколку фестивали во регионов и Европа, од кои поначајни се Sunny Hill Festival во Косово и Live at Heart во Шведска. Пред него се настапи на уште фестивали во Европа во текот на следнава година, како и снимање на неговиот прв албум.

Можеби ќе ве интересира: