Популарниот пејач Ацо Пејовиќ драстично го промени својот изглед. Тој практикувал режим на исхрана кој за него го подготвила познатата нутриционистка Ана Петровиќ. Па токму на промоција на нејзината најнова книга дојде Пејовиќ да ја испочитува.

На овој настан по подолго време го виде јавноста, па коментарите беа зачудувачки. Сите беа позитивно изненадени што тој е во топ форма, во каква не бил никогаш досега. Ацо откри дека конзумирал исклучиво здрави намирници во точно определено време од денот.
