Музика на кирилица

Пендаровски одликуваше 13 истакнати естрадни уметници од народната музика

Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот Стево Пендаровски со Медал за заслуги одликуваше 13 истакнати естрадни уметници од народната музика. Така медалите им беа врачени на Анка Гиева и Виолета Томовска а постхумно беа одликувани: Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски.

Во предвечерјето на 11 Октомври – Денот на народното востание, со Медал за заслуги за Република Северна Македонија им оддаваме почит на дел од нашите врвни уметници кои создаваа и интерпретираа песни за животот на нашиот човек низ вековите и неговата борба за слобода и човечки предизвици. Уметниците кои денес ги одликуваме ги посветија животите на промовирање на народното творештво, како суштински елемент на македонскиот идентитет. Преку нивниот неповторлив вокален и инструментален талент, овие врвни народни уметници ја претставија нашата изворна музика пред македонската и светската јавност на маестрален начин. Преку нивните настапи и концерти, тонски и видео записи, светот дозна за уникатниот 7/8 македонски ритам. А, самите уметници создадоа бројни авторски дела кои беа прифатени од народот и станаа дел од секоја наша приватна и јавна прослава. – истакна пендаровски.

Можеби ќе ве интересира: