Добро утро наши најверни! По мала пауза која што моравме да си ја дозволиме, денес 4-ти септември среда повторно колективно цела екипа се враќаме на нашите секојдневни обврски, односно секојдневно информирање пред се за македонската музика, како и за сите останати. Летото е веќе зад нас, некои се вратени во реалноста, а некои што туку ќе се враќаат. Се надеваме дека одлично се одморивте и дека од денес заедно ќе ја продолжиме музичката приказна онаму каде што застанавме. Во наредниот период Ви ветуваме многу нови нешта на нашиот музички портал, а освен секојдневните музички информации, ќе прочитате и многу ексклузивни интервјуа, анализи, колумни…
Ви посакуваме убав ден и нека започне новата музичка сезона!
Редакција на Музика24
