“Со недели сум сам” е насловот на старо-новата песна на нашиот познат македонски поп пејач Јоце Панов. Музиката и текстот за оваа песна се на Блаже Темелков, додека аранжманот го подготви Дарко Тасев. Како што вели самиот Јоце, оваа песна е снимена пред многу години, но веројатно дури сега дошол редот да се сними и видео спот за истата.
“Песната “Со недели сум сам” е пред 3 години и за неа досега немав снимено видео спот, затоа сега кога бев во Тенерифе моментот го искористив токму за тоа, да снимав видео токму за оваа песна. Искрено не знам во каква состојба бил Блаже Темелков кога ја пишувал оваа песна за мене, дали ја напишал за некоја негова состојба или од некој наш разговор, незнам, тоа треба да го прашаме него (се смее). Инаку, секој човек во животот се чувствува како да е сам на овој свет, па можеби тоа била тематиката на композиторот. Јас можам да ви кажам за песните кои што јас сум ги напишал, а наскоро ќе има многу и од тие. За спотот кој што го снимав во Тенерифе го снимав сам, односно, со мојот најдобар пријател кој ми помогна во целата организација таму. Мислам дека направивме одлично видео, но ветуваме дека следните видеа ќе бидат многу подобри, бидејќи имаме повеќе искуство сега околу снимање и продукција. Едноставно сакав оваа песна да има видео спот, бидејќи заслужува”, изјави Јоце Панов за музичкиот портал Музика24.
А во продолжение, ви предлагаме да го погледнете неговото најново видео за песната “Со недели сум сам”.
