Балканленд

Цеца наскоро ќе оди на операција, сака да се чувствува добро во својата кожа

Како што веќе знаете, од неодамна на една српска тв станица се емитува реално шоу, односно, 24 часа следење на животот на познатата балканска позната фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа меѓудругото, во своето реално шоу откри дека наскоро би требало да оди на операција, за како што вели таа, подобро да се чувствува во својата кожа.

“Морам да одам на таа операција, дали сега или за два месеци, морам да одам. Знам дека операцијата трае, но сакам да го решам тоа и да се чувствувам добро во своја кожа”, изјави Ражнатовиќ, но не откри за каква операција станува збор.

Како што таа потоа откри во разговорот, по операцијата во болница би била задржана не повеќе од 2-3 дена.

“Поради мојот здравствен проблем за таа интервенција задржуваат 48 часа во болница, но можеби ќе ме задржат и 72 часа. Потоа ќе морам да одлежам, ќе можам да одам само колку што можам”, ѝ раскажа популарната пејачка во „Цеца-шоу“ на својата сестра Лидија Оцокољиќ, која ѝ е најголема поддршка.

Можеби ќе ве интересира: