Во прв ред

Концертот на Божо Вречо во Скопје – откажан?!

Како што дознава редакцијата на музичкиот портал Музика24, организаторите на концертот на Божо Вречо кој што беше закажан за 1-ви ноември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот е откажан поради технички причини. Така барем велат организаторите, но која е вистинската причина за тоа се уште не знаеме.

Тие ги информираат сите оние кои купиле влезници за настанот, дека можатистите да ги вратат на местата од каде се купени, а дополнително ќе бил објавен нов датум за одржување на концертот. Концертите на овој познат музичар низ Балканот од музичките критичари најчесто се опишани како уникатно доживување, на кое уметникот со својот глас доловува најдлабоки емоции кај публиката.

За него дури и ,,Њујорк Тајмс” напиша дека е човек со ангелски глас. Првиот албум го сними пред девет години, а неговата музичка кариера започнала кога имал 27 години, кога локален музичар во кафуле во Сараево го повикал на сцената да запее со него.

Во повеќе интервјуа, тој за себе вели дека е и маж и жена, дека е слободна личност и дека нема да го крие својот вистински лик.

Можеби ќе ве интересира: