Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која земјава ќе биде претставена на Детска Евровизија ќе има во Дневник 2 на МРТ.
Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара Трпческа, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван ќе биде промовирана утревечер, во 20 часот во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ. Од 20:30 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest.
