Премиера

Шабац од “Б-Клан” со нова песна (Аудио)

Едната половина од битолското рап дуо “Б-Клан”, Дарко (Шабац) деновиве ја претстави својата нова песна насловена “Досада”, чиј текст го потпишува самиот Дарко, додека музиката и аранжманот се на нивниот редовен соработник Мими Марковски од Гимел Студио, кој ги пее и придружните вокали. Песната “Досада” е во малку поразличен стил од досега слушнатите соло-песни од Дарко “Залудно е се” и “Нисам био тај”.

Во продолжение слушнете како звучи новата песна на Дарко.

https://www.youtube.com/watch?v=2eVmAu5-PKA

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: