Поп-ѕвездата Дарио Панковски периодов е во студио, каде во работна атмосфера подготвува нова песна. Популарниот пејач редовно соработува со Кристијан Габровски, па така и овој пат нему му ја довери и новата нумера.

Како што објави Дарио, песната ќе излезе многу наскоро во предновогодишниот период. Тој пред околу 6 месеци ја промовираше песната „Какви се ова времиња“.
