Со концерт на португалската фадо пејачка Јоана Амендоеира и нејзиниот бенд, синоќа започна 14-то издание на Фестивалот на музика од светот. Јоана со својот исклучителен вокал ја воодушеви публиката и покажа од каде нејзината неверојатна интернационална кариера.
Фестивалот продолжува утре со концерт на групата „Фонтана“ со Камерниот орекстар на Битола, а нивни гости ќе бидат Даница Крстиќ (Србија), Ангел Демирев (Бугарија) и Џамбо Агушев (С.Македонија). За финалето на фестивалот во недела, ќе настапи македонскиот состав „Лилит“ со концертна промоција на проектот „Лилит меѓу луѓето“.
По полноќ во ноќниот клуб „Јагода“, на ОФФ програмата беа битолчаните „Фолтин“. Таму забавата продолжува и вечерва со едни од најбараните DJ од регионот во моментов Luton & Šćepine Vragolije.












