Во прв ред

„Фонтана“ со Камерниот оркестар и нивните гости приредија концерт за паметење

Битолскиот музички состав „Фонтана“ со Камерниот оркестар на Битола и нивните гости беа на програмата за втората фестивалска вечер на Фестивалот на музика од светот. Двата битолски музички брендови на сцената ги придружуваа гостите: Даница Крстиќ (вокал, Србија), Ангел Демирев (гитара, Бугарија) и Џамбо Агушев (труба, С.Македонија).

„Елено, ќерко Елено“, „Зајди, зајди“, „Мори чупи Костурчанки“ беа само дел од традиоцалните македонски песни кои вчера публиката имаше можност да ги чуе во изведба на Игор Илиевски од „Фонтана“ и Даница Крстиќ. Кларинетот на Благојче Трајковски и Камерниот оркестар ги надополни бугарскиот виртуоз на гитара Ангел Демирев а атмосферата ја загреа светски познатиот трубач Агушев.

Македонската радио телевизија го снимаше синоќешниот концерт, и наскоро истиот ќе се емитува на националниот сервис, за овој музички спектакл да го види далеку поголема публика од онаа која беше во салата.

Можеби ќе ве интересира: