Ако вчера ви пишувавме за Дарко (Шабац) од познатото битолско хип хоп дуо “Б-Клан”, денес ви ја претставуваме и другата половина од ова дуо, односно Декс кој исто така има нова сопствена песна. Тој деновиве пред битолската публика и на музичкиот интернет канал YouTube ја претстави својата најнова песна “Ти си таа/Биди со мене”.
И за оваа песна, како и за сите останати претходно, се погрижи младиот продуцент Мими Марковски од Гимел Студио кој што всушност и отпеа и придружните вокали, а секако за текстот кој друг ако не самиот Декс. Како звучи новата песна на Декс… преслушајте ја во продолжение!
Подготви: Васе Петреска
