Во прв ред

Шпекулација или не, “Ѕвездите на Гранд” наскоро на нова национална телевизија?!

Веќе неколку недели популарните и гледани тв емисии “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна” не се емитуваат на националната Канал 5 телевизија, на која се емитуваа години и години наназад. По реакциите на нашите читатели се забележува дека и не била мала бројката на гледачи кои ги следеле овие две музички натпреварувања во кои учествуваат и наши македонски натпреварувачи.

Музичкиот портал Музика24 деновиве интензивно бараше одговор и контактираше со челните луѓе кои се задолжени за тоа што и кога ќе се емитува на нивниот тв канал. Контактиравме со Јани Бојаџи кој на прашањето дали можеби Алфа телевизија ќе го превземе емитувањето на овие навистина гледани музички емисии, неговата изјава беше следна:

“Не можам да ви кажам ништо. Тоа се деловни односи и одлуките во Алфа во врска со програмата ги носи Програмскиот уредник. Ви Благодарам за интересот”, изјави Јани Бојаџи кој што во моментот е на челната позиција во националната Алфа телевизија.

А потоа го контактиравме и еден од одговорните за програмскиот дел во националната Сител телевизија, Игор Мурговски кој за музичкиот портал Музика24 го изјави пак следното:

“Немаме никаква информација ниту некој стапил во контакт со нас од Јунајтед Медија или Гранд продукција се до овој момент. Се е на база на шпекулации”, изјави Игор Мурговски за Музика24.

Што се случува во Канал 5 телевизија и зошто се уште немаат излезено со официјална информација поврзана со овие две емисии навистина не знаеме. Неофицијално, Канал 5 телевизија е отстранета од пакетот на кабловската Тотал ТВ чија сопственост е многу добро позната. Дали повторно ќе се емитуваат на истата фрекфенција се прашуваат македонските грагани кои редовно ги следеа овие две тв емисии на оваа фрекфенција. Нема ниту одговор од Јунајтед Медија во чија сопственост се Гранд продукција и телевизиите со овој познат бренд.

Едно останува, да бидеме трпеливи да се среди сета оваа разрешница кога и каде ќе се емитуваат “Ѕвездите на Гранд” и “Никогаш не е доцна”. Можеби сите ние ќе бидеме изненадени па истите ќе ги видиме на некоја друга кабловска или сателитска тв станица во Македонија. А до тогаш, останува да се задоволиме со гледање на истите на официјалниот YouTube канал на Гранд.

Можеби ќе ве интересира: