Балканленд

Северина облечена како калуѓерка ја промовираше новата песна “Вјерујем у Бога” (Видео)

Неодамна балкански познатата пејачка Северина со видео спот ја промовираше својата најнова песна “Вјерујем у Бога”. Како што пишуваат медиумите на Балканот, Северина со оваа песна ја преиспитува сопствената вера и искрено и цинично се осврнува на сопствените грешки во животот.

Многумина велат дека успехот на оваа песна е загарантиран со оглед на тоа дека текстот за истата го има напишано познатиот Дино Мерлин. Таа по излегувањето на видео спотот на својот Инстаграм профил објави и фотографии од снимањето каде се гледа дека е облечена како калуѓерка на што од страна на фановите и обожавателите имаше различни реакции и коментари.

По тој повод ПР тимот на Севе го испрати следното соопштение до медиумите кое ви го пренесуваме во целост:

„Приватниот живот на Севрина, без разлика на тоа дали таа сака или не сака, е изложен во јавноста, а содржи многу страдање и тага, но и многу среќа. Преживеа објава на приватните снимки и фотографии, одземање на детето, речиси стотина судски тужби, една венчавка и развод. Далматинката која помина низ сито и решето и низ сè што Бог може да ѝ го намени на една жена, Северина покажа дека е успешна во тоа да преживее бродоломи. Издржа стопати да ја скршат и да ја разделат на атоми.

Тоа е жената за која Северина пее во песната „Вјерујем у Бога“, а низ која всушност ја преиспитува сопствената вера и искрено и цинично се осврнува на сопствените грешки во животот“, се вели во соопштението што нејзиниот ПР тим го достави до медиумите.

Можеби ќе ве интересира: