Балканленд

“Празнична рапсодија 3″ – Новогодишниот концерт на Пијано дуо Мимоза и Јована

Новогодишните концерти на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева продолжуваат и оваа година со целовечерен пијано-дуо рецитал насловен “Празнична рапсодија”. Тие со огромно задоволство Ве покануваат да бидете дел од Празничната рапсодија бр.3″ на 17-ти декември со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија.

Пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус, Моцарт, Петар Илич Чајаковски и Едвард Елгар.

Програма: Волфганг Амадеус Моцарт

Соната на четирирачно пијано КВ.521 во C-dur

-Allegro

-Andante

-Allegretto

Едвард Елгар: Поздрав на љубовта

Петар Илич Чајаковски/Сергеј Рахмањинов: Свита од балетот ,,Заспаната Убавица” оп.66а

-Introduction. La Fée des Lilas

-Adragio. Pas d’action

-Pas de caractère 

-Panorama

-Valse

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија. 

Можеби ќе ве интересира: