Во прв ред

Општина Битола со богата новогодишна празнична програма

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Општина Битола на големо ја подготвува својата празнична новогодишна програма за своите граѓани и околните градови, односно, за сите оние кои се заинтересирани за да ја посетат и почувствуваат новогодишната магија во овој преубав град од Македонија.

62 музичко-забавни проекти започнувајќи од 24-ти декември па се до 1 јануари 2023 година, ќе ги анимираат и забавуваат битолчани и сите македонски заинтересирани граѓани кои сакаат да вкусат одлична храна, убаво и вкусно варено вино како и да слушнат квалитетна и одлична македонска музика.

“Музика од сите жанрови, различни театарски претстави за деца, улични перформанси, пратечка ДЈ програма низ битолските кафулиња, новогодишен базар ќе има во официјалната програма која годинава ќе се случува на две локации, на празничиот плоштад пред Офицерски дом и на пешачката улица со калдрма кај Старата битолска чаршија. ОФФ програмата ќе има улични музички перформанси на Широк Сокак и пратечка DJ програма низ битолските кафулиња”, велат за Музика24 од Општина Битола.

А во продолжение, погледнете ја програмата која што Општина Битола само за Вас од 24-ти декември па се до 1-ви јануари 2023 година ќе ја организира низ градот:

24.12.2022 година – сабота

Програма кај Офицерскиот дом

  • 11 часот – КУД “Стив Наумов”
  • 12 часот – Ѕвездите на “Тра Ла Ла”
  • 13 часот – Детска театарска претстава-“Новиот Елф” – Театар Дел Арте

Програма на Широк Сокак

  • Улична променада од 12 часот до 14 часот со настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 20 часот – 20:30 – “Expose” Dance Studio
  • 20 часот – 22 часот – Дувачки оркестар на Битола
  • 22 часот – 00 часот – Група “Гром”

25.12.2022 година – недела

Програма кај Офицерскиот дом

  • 11 часот – Детска театарска претстава “Новогодишна забава” – Интимен театар
  • 12 часот – Детски хор на градинката “Мајски цвет”
  • 12:30 часот – Детска театарска претстава “Новогодишна брканица”
  • 13 часот – Детска театарска претстава “Две новогодишни елки” – Театар Солза и смеа
  • 14 часот – Детска театарска претстава “Весели ѕвончиња” – Балада Арт

Програма на Широк Сокак

  • Улична променада од 12 часот до 14 часот со настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 19 часот – 20 часот – Sound Waves
  • 20 часот – 21 часот – Виктор Апостоловски
  • 21 часот – 22:30 часот – Паркети
  • 22:30 часот – 00 часот – Код 369

26.12.2022 година – понеделник

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 19 часот – 20 часот – Трио Џентлмен
  • 20 часот – 21 часот – Synthetic Sax
  • 21 часот – 22:30 часот – Група “Деспина” и Алексеј Ивановски
  • 22:30 часот – 00 часот – Икс Бенд

27.12.2022 година – вторник

Програма во Старата Битолска чаршија

  • 11 часот – 12:30 часот – Група “Битолски чалгии”
  • 12:30 часот – 14 часот – Група “Милениум”
  • 14 часот – 16 часот – Група “Боеми”

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 19 часот – 20 часот – Борче Наумовски
  • 20 часот – 21 чсот – “Еликсир” Бенд
  • 21 часот – 22:30 часот – “Патување” музичка програма со Група “Фонтана” со специјалните гости Џамбо Агушев, Даница Крстиќ – вокал и Ангел Демирев – гитара
  • 22:30 часот – 00 часот – “Нала” Бенд

28.12.2022 – среда

Програма во Старата Битолска чаршија

  • 11 часот – 11:30 часот – Група “Преродба”
  • 11:30 часот – 12:30 часот – Дејание и Сара
  • 12:30 часот – 14 часот – Група “Маестрал”
  • 14 часот – 16 часот – “Адути” Бенд

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 17 часот – 18:30 часот – “Светот на Биби”
  • 20 часот – 21:30 часот – Камерен оркестар James Bond Symphony
  • 21:30 часот – 22:30 часот – Поп-рок хор
  • 22:30 часот – 00 часот – Ние запирка, другарите

29.12.2022 – четврток

Програма во Старата Битолска чаршија

  • 11 часот – 11:30 часот – “Енис” Бенд
  • 11:30 часот – 12:30 часот – “Дуо Латино” Бенд
  • 12:30 часот – 14 часот – Група “Фаворити”
  • 14 часот – 16 часот – Група “Бонус”

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 19 часот – 20 часот – Детска театарска претстава “Зимска приказна”
  • 20 часот – 21 часот – Corrosion
  • 21 часот – 22:30 часот – Фолтин
  • 22:30 часот – 00 часот – Groove

30.12.2022 – петок

Програма во Старата Битолска чаршија

  • 11 часот – 12:30 часот – Група “Ѓердан”
  • 12:30 часот – 14 часот – Група “За мерак”
  • 14 часот – 16 часот – Група “Оскар”

Вечерна програма кај Офицерскиот дом

  • 19 часот – 20 часот – Детска театарска претстава “Зимска приказна”
  • 20 часот – 21 часот – Патување низ магичниот свет “Волт Дизни”
  • 21 часот – 22 часот – Група “Калабалак”
  • 22 часот – 23 часот – Битолски тамбураши
  • 23 часот – 00 часот – “E-motion” Бенд

31.12.2022 – сабота

Целодневна програма кај Офицерскиот дом

  • 11 часот – Ѕвездите на “Си-До”
  • 12 часот – Детска театарска претстава “Новогодишна збрка”
  • 13 часот – Песни и рецитали на Влашки јазик
  • 14 часот – Детска театарска претстава “Новогодишни светулки”
  • 19 часот – 20 часот – Детска театарска претстава “Зимска бајка”
  • 20:30 часот – 22 часот – “Lucent” Бенд
  • 22 часот – 00 часот – Љубојна (дочек на Новата 2023 година)
  • 00 часот – 02 часот – Никола Зацески и Групата “Мелем”

Можеби ќе ве интересира: