Помалку од десетина дена до Новата 2023 година, а веќе со години, особено весело се одбележуваат декемвриските денови посветени на децата и најмладите со пригодни програми и нови песни, претстави, тематски игротеки и забави. Па така по тој повод деновиве беше разиграно и во Црна Гора, од каде ни доаѓа нова детска новогодишна песна.
„Доаѓа Новата година“ од Марина Нина Рмуш е песна за деца, која пред празниците објави видео спот и ги воодушеви најмалите. Аранжманот на песната е од Стефан Коматина, а спотот за неа е во режија од Нина Рмуш.

„Песната и спотот изобилуваат со новогодишни мотиви, детски насмевки и топлина. Нашата желба е да ги израдуваме сите најмали, да ги развеселиме и разубавиме претстојните празници и да зачекориме во новата година со текстот на песната”, посочува Рмуш.
Оваа новогодишна песна ја изведуваат Мира Барјактаровиќ и Нина Рмуш, а во спотот учествуваат голем број деца – членови на танцовиот клуб „Виножито“ (црногорски – Дуга) од Беран и од Бијело Поље.
