Во прв ред

Охриѓани Новата година ќе ја дочекаат со познати македонски музички изведувачи

Како што дознава музичкиот портал Музика24, Охрид годинава за дочекот на Новата 2023 година ќе биде домаќин на познати македонски изведувачи кои на сцената на градскиот плоштадот ќе ја забавуваат присутната публика.

Новогодишната забава ќе започне во 20 часот, а во текот на денот, на 31-ви декември предвидена е и програма за најмладите, а забава ќе има и на 1-ви јануари.

“Новогодишната програма започнува на 31-ви декември на градскиот плоштад од 12 часот кога ќе настапи хорот при КУД „Гердан“, а од 13:00 до 15:00 часот ќе има новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“. Вечерта од 20 часот на плоштадот ќе настапат Петар Нечоски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и диџеите Багзи и Јана Слеј. Празничната програма продлжува на 1-ви јануари точно на пладне со настап на Марија Савеска и групата Камелеон, а интерес ќе привлече и проектот „И повторно евергрин“ со настап на Лидија Кочоска, Влатко Груески и Андреј Наунов, рече градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Меѓудругото Пецаков додаде дека се очекуваат бројни туристи од земјава и странство. За новогодишните празници од буџетот на општината ќе се издвојат околу 2 милиони денари.

Градоначалникот Пецаков напомена дека оштината ќе се погрижи и за забавниот дел за време на Богојавленските празници. Засега е потврдено дека по чинот на осветување на езерските води, на 19-ти јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски“ ќе настапи групата „Чалгија саунд систем“.

Фото: Стојан Стојановски / 2С

Можеби ќе ве интересира: