Балканленд

После 25 години авторот на хитот „Боље бити пијан него стар“ најде грешка во текстот (Видео)

Фронтменот на групата „Плави оркестар“, Саша Лошиќ, проговори за еден од неговите најголеми хитови, песната „Боље бити пијан него стар“ и откри дека дури после 25 години сфатил дека песната има грешка. Песната, која и денес е голем хит и со задоволство се пее речиси насекаде, има нелогичност која пред неколку години ја призна и самиот Саша Лошиќ.

На почетокот на песната Лошиќ ја пее „Жал ми е што бевме само добри пријатели“, додека во рефренот работите се менуваат, а тој пее: „Виното не знае дека некогаш сме биле среќен пар“. Сепак, публиката која го обожава бендот речиси и да не го забележа тоа, но по долги години Лошиќ сепак сфати што пее.

Лошиќ пред неколку години призна дека песната ја напишал пијан и дека нелогичноста ја сфатил дури после 25 години.

„Ме фаќа размислување, пеам 25 години и никогаш не сум забележал. И тогаш почнав да копам во песните и видов дека половина од нив се целосно ирационални. Зборовите немаат врска едни со други, нема акција и нема логика. А на луѓето им е гајле“, низ смеа искоментирала Лошиќ, пренесува Index.hr.

Можеби ќе ве интересира: