Нашиот познат рапер Тони Зен од неодамна се наоѓа на врвот на топ листата “Домачица” која што се емитува на регионалниот МТВ канал – МТВ Адрија. Тој заедно со бугарскиот рапер Бобо кој што кај нас е попознат по песната “Дим да ме њама”, со песната “Светот е твој” пополека но сигурно се искачија на првото место од оваа на далеку позната топ листа. Освен со оваа песна, Тони Зен досега на многу пати бил дел од оваа музичка топ листа, а за многу скоро време сите негови песни ќе се најдат на новиот студиски албум “Микроскопски организам” кој што според најавите се очекува да излезе кон крајот на овој месец.
“Првото место на една ваква топ-листа, за која гласовите ги даваат фановите од целиот Балкан ме прави пресреќен. Задоволство е да го работиш тоа што го сакаш, но задовлоството е посилно кога луѓето те поддржуваат и им се допаѓа она што ќе им го понудиш. Полека го привршувам новиот албум кој се надевам исто како и “Светот е твој” ќе ја освои публиката… во овој момент само можам да им ветам дека начинот на кој ќе допре до нив ќе биде поинаков и помоќен”, изјави Тони.
До излегувањето на ново видео или пак албумот кој веруваме дека ќе биде повеќе од погоден, Ви предлагаме да се потсетите на видео спотот и песната која моментално руши рекорди на балканот.
Подготви: Марија Поповска
