Тијана Дапчевиќ и оваа година ќе учествува на националниот избор на Србија за евровизиска песна. Тијана ќе се претстави со песната “Кад смо сами”, чији автори се Ана Радоњиќ позната како Зое Кида и композиторот Андрија Гавриловиќ. Зад целиот концепт за настапот стои Јаан Амир Алиќ, еден од најдобрите пријатели на Тијана.
“И сега објективно Имаме добра песна за врвот на вашите плеј Листи. Среќен сум за новата Авантура. Фала на Зое Кида за нејзиниот талент, на Андрија за душата која му ја даде на песната. А најголемо фала на Тијана која ми веруваше од Почетокот”, Вели Алиќ.
Вкупно 32 учесници ќе настапат во две полуфинални вечери закажани за 1-ви и 2-ри март. Други звучни имиња кои ќе учествуваат се: Ангелина, Hurricane и Фрајле. Но минатата година, победникот дојде токму од редот на помалку експонираните изведувачи.
