Пејачката Ана Ѓуриќ – Констакта дефинитивно е српската претставничка која направи најголем „бум“ кога е во прашање престижното музичко натпреварување, како во Србија, така и во регионот, но и пошироко.
Успех на Евровизија, но и награди кои следеа по самото натпреварување. Констракта го зазеде високото петто место на самиот натпревар, а неодамна ја освои наградата за најдобар текст на минатогодишното издание на натпреварот, за нејзиниот хит „In corpore sano“.
За новогодишната ноќ на официјалниот евровизиски канал на YouTube беше објавена листа на 10 најслушани евровизиски песни за 2022 година, меѓу кои нејзината песна „In Corpore Sano“ се најде на десеттото место.
