Балканленд

Кики и „Пилоти“ не враќаат во 80-тите со нов носталгичен сингл

Регионалната музичка ѕвезда Кики Лесендриќ, заедно со неговите „Пилоти“, градат уникатна приказна од 1980-тите. Резултатите од таа музичка приказна се бројни хитови со кои пораснавме и ќе пораснеме, а ништо помалку е хитот од нивниот нов студиски албум „Мали трагови на небу“. Токму на овој албум Кики и „Пилоти“ копнеат по носталгични времиња, па дури во еден момент не враќаат во осумдесеттите. Згора на тоа, тие го отвораат албумот со песната „1981“, а токму со оваа песна Кики го потврдува својот талент како кантавтор, што му донесе статус на ѕвезда на регионалната музичка сцена.

Песната „1981“ зборува за тоа како во 1981 година на улиците владееле уличните херои со гитари во рака, „никој не гледал кој е кој, а девојките ги сакале мангупите што свират рокенрол“.

Život je bio lep, hteli smo gitarama da menjamo svet sasvim nežno. Nitko nije slutio na zlo“ – гласи еден од стиховите.

Продолжува со стихови за изгубеното пријателство, но и за одамна изгубеното време. Песната завршува со детски глас и текст на англиски јазик – „I’m walkin’, I’m walkin’ alone“. По текстот, оваа музичка приказна доби и официјален спот потпишан од Анѓела Буцаковиќ и Алекса Милошевиќ. Албумот  излезе на крајот на годината на проѕирен кристален винил.

Можеби ќе ве интересира: