Во прв ред

„Нова ера“ на Николче Мицевски на 18-ти февруари во Велес

Kонцертната приказна „Нова ера“ на Николче Мицевски, на 18-ти февруари публиката ќе има можност да ја чуе и види на големата сцена во театарот „Ј.Х.К. Џинот“ во Велес.
Сцената ќе биде исполнета со петнаесетина мои колеги, познати професионални музичари со кои заедно неодамна концертно ја промовиравме оваа музичка приказна. Сцената ќе ни ја надополнат и збогатат дваесетина членовите на хорот “Св. Кирил и Методиј” од Велес! Ве очекувам во голем број да дојдете и заедно да го уживаме албумот „Нова ера“.
Специјален гостин ќе биде еден од најдобрите гитаристи во државата и пошироко – Дамјан Пејчиноски.

Можеби ќе ве интересира: