Во Скопје, по деветнаесетти пат на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во спомен на пејачот, хуманист и крводарител, Тоше Проески. Крводарителската акција ќе се реализира во холот на Дом на АРМ во периодот од 09:00-17:00 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 300 единици крв“, информриаат од Цвениот крст.
Организатори на крводарителската акција се Црветниот крст на град Скопје и Република Северна Македонија, Општинска организација Центар во соработка со ИТМ.
Хуманитарната крводарителска акција ќе има и во неговото родно Крушево, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот.
Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски“ од Скопје. Во Спомен-домот „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42-риот роденден на Тоше ќе бидат промоврани и 42 маички печатени со победнички мотив.
Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.
