Во прв ред

Потпишете ја петицијата „Да го зачуваме МКЦ“!

Гола Планина колектив на 22.01.2023 организираше граѓански собир пред Младинскиот културен центар во Скопје, на кој го изрази револтот за актуелните случувања со намалувањето на буџетот и полунасилното менување на в.д. директорот.

Нашите пријатели уметници, активисти, новинари и луѓе кои им значи МКЦ направивме една иницијатива преку која што ќе продолжиме активно да се бориме. Овој проблем е поголем од Гола Планина колектив, а и колективот има за цел да ја застапува и брани македонската млада музичка сцена. Бидејќи МКЦ не е само музика, МКЦ е дом на сите уметности, би сакале да ви го претставиме движењето СИТЕ ЗА МКЦ.

Сите за МКЦ е неформално здружение на музичари, уметници, активисти, филмски и културни работници кои се борат за зачувување на еден од последните јавни културни простори каде што истите можат слободно да се изразуваат.

Со потпишувањето на петицијата „Да го зачуваме МКЦ” се приклучувате кон борбата да се зачува културата, независната сцена и животот во Скопје. Под закана на искасапен буџет и партиско мешање во внатрешната структура на оваа институција, МКЦ не би можел да продолжи како што го знаеме и сакаме. Со петицијата се бара:

1. Да се врати буџетот на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) на истото ниво на кое до сега бил финансиран со години наназад.

2. Да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави на истиот.

ПЕТИЦИЈАТА Е ДОСТАПНА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ ОНЛАЈН НА ПЛАТФОРМАТА CHANGE.ORG.

Можеби ќе ве интересира: