Балканленд

Скандал на „Санремо“: Поради технички проблем со слушалките, пејач ја уништи сценографијата со илјадници рози (Видео)

Познатиот италијански пејач Рикардо Фабрикони, попознат како Бланко, се однесуваше скандалозно за време на неговиот настап на фестивалот „Санремо“. Младиот музичар, кој инаку лани ја претставуваше Италија на Евровизија, беше испратен од сцената со гласни свирежи од целиот театар Аристон.

Бланко кој важи за еден од најпопуларните италијански уметници имаше технички проблеми за време на настапот. Револтиран од техничкиот проблем тој почна да ја демолира сценографијата од илјадници рози, креирана специјално за неговиот настап и неговата нова песна. По скандалозното однесување на Бланко, сцената беше целосно уништена.

„Убавата работа во музиката е што не морате секогаш да го следите шаблонот. За жал, не се слушав во слушалките, не можев да си го слушнам гласот, но сепак се забавував“, рече пејачот пред публиката и водителот кој по неговото скандалозно однесување му пријде со страв.

Во продолжение погледнете го скандалозниот настап на Бланко и погледнете што се тој направи на фестивалската сцена:

Sanremo 2023 - Blanco non sente la sua voce e distrugge il palco

Можеби ќе ве интересира: