Балканленд

Рада ги откажа сите настапи па ја постави сестра си за менаџер

Рада Манојловиќ неодамна ги отпушти своите соработници и за менаџер ја назначи сопствената сестра Марија.

“Бидејќи и самите знаете дека имаше пауза во соработката со претходниот менаџер, ги откажав сите настапи кои тој ги имаше закажано затоа што едноставно е невозможно да се работи под тие услови. Поради проблеми во комуникацијата и неможноста да стапам во контакт со организаторите на приватна забава кои ме ангажираа на 15-ти април во Ниш, би ги замолила луѓето да контактираат со сестра ми”, напиша Рада на Инстаграм.

Менаџер на Рада веќе 15 години беше Саша Ѓуриќ, тој покрај со Рада работеше се 10-тина други помалку познати изведувачи. А од попознатите за македонската јавност се издвојуваат: Цвија, Надица Адемов и Луна Џогани.

“Работам со сестра ми. Порано одев уморна на настапи, но сега сум среќна. Што се однесува до деловниот однос, тој траеше 15 години и имаше многу грди работи, бев многу наивна затоа што им верувам на луѓето. Ја достигнав таа граница, што си реков дека повеќе би сакал да се вратам дома и да се грижам за овците, само да не работам со моите претходни колеги”, објасни Рада

Инаку, како што претходно пишуваа медиумите, Рада и Маја треба да профитираат дури 160.000 евра, а пејачката за соработничка ја избра својата сестра за во иднина целата заработка да оди „во еден џеб“.

Можеби ќе ве интересира: