Kумановскиот бенд “Хипнополис” вчера вечер со почеток во 22 часот настапи во кумановското кафуле “Агора” и истовремено на концертот промовира дел од новиот материјал. Составот работи од 2010-та година и во него се: Небојша Тодоровски (гитара и вокал), Милош Димитријевиќ (гитара), Зоран Зафировски (бас), Стефан Ордевски (тапани) и Филип Станчевски (перкусии и придружен вокал). Музиката на “Хипнополис” е збир на различните сфаќања и вкусови на членовите на групата, но се темели врз суровиот гитарски звук. Зад себе го имаат албумот што го носи истото име како и бендот.
Подготви: Дениза Илиевска
