Во рамки на големиот јубилеј “30 години Авалон”, на 21-ви март во Македонската филхармонија ќе се одржи музичкиот концерт, проект на Николче Мицевски “New Era”, загарантиран музички спектакл.
Со богата формација, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд составен од 50 академски музичари, Никола Мицевски подготвува едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика.
Албумот “New Era” претставува симбиоза на традиционални и модерни мелодии во фузија со џез, фанк и електронска музика; едно филмско начело фузирано со етно, рок и електро основи во служба на пијаното на маестро Мицевски и солистичките инструменти.

После успешните концерти одржани во Битола и Велес, скопската публика ќе има ексклузивна можност и шанса да ужива во мултимедијалното музичко патување на Никола Мицевски во Македонската Филхармонија.
Влезниците ќе бидат во продажба од среда (22ри февруари) онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија по следните цени и категории: 700 денари и Вип влезници по цена од 1.000 денари.
