Во прв ред

Од четврток во продажба влезниците за „Наша вечер“ со Иван Босиљчиќ

НУ Центар за култура – Битола со 3 концерти ја започнува музичката приказна за оваа година, која ќе биде богата и ќе понуди различни музички продукти за различни музички вкусови.

По двата концерти „Засекогаш во срцата“, месецот на жената е резервиран за актерот и музичар Иван Босиљчиќ кој на 3-ти март доаѓа со својот бенд. Не очекува една прекрасна поетско-музичка вечер насловена како „Наша вечер”. Уметничка вечер која носи возбуда од драматична изведба и врвен музички настан, посебен и ретко виден на нашите простори

Иако првично најавен за 4-ти март, концертот ќе се одржи еден ден порано (3-ти март) од 20 часот. Билети во продажба од четврток 23.02.2023 (11:00) на билетарницата на Центарот за култура по цена од 600 денари.

Можеби ќе ве интересира: