Магазин

Кристина Арнаудова најави нова песна, настап на “Макфест” и “Скопски фестивал” (Фото)

Денес познатата македонска поп пејачка на својот facebook профил напиша дека во тек е снимање на нови песни за фестивалите “Макфест” и “Скопски фестивал”. Таа заедно со Бојан Трајковски работат на новите песни. Како што и самата вели во својот статус, интересно за неа е што таа имала негативен став кон фестивалите и затоа досега веќе неколку години не учествува на нив… но ете, работите се менуваат. Таа воедно го открива насловот за макфестовската песна “Земи ме”, а воедно за истата вели дека “грми”. Што напиша Кристина поточно на својот facebook  профил?!

Фејсбук статусот на Кристина Арнаудова“Денеска ја и Бојан Трајковски работевме на нова музика за мене 🙂 Ќе настапам годинава на “Макфест” и “Скопски фестивал”. И мене ми е чудно што ќе пеам на фестивали, еден неверојатен податок е дека никогаш немам пеено на “Скопски”. Не дека имав нешто против фестивалот, просто не сум фестивалски тип и целиот тој концепт дека песните треба да се натпреваруваат ми е заморен, ја уништува некако поентата на музиката… Затоа и никогаш не сум се пријавила на избор за песна за Евровизија, тој концепт е убитачен. Има се, освен музика таму… Можеби еден ден, ете :)))… како и да е песната за “Макфест” се вика “Земи ме”. Краток опис – грми :)… За скопскиот уште има работа и немаме наслов 😉 Имајте убав ден убави :)”, напиша Арнаудова на својот facebook профил.

Подготви: Адела Петревска

Можеби ќе ве интересира: