Нов музички материјал, многу придружни гости музичари и комплетната постава на македонскиот бенд Мугер Фугер, на 13-ти септември ќе ја забавуваат публиката во бифето на Mладинскиот културен центар, за време на промоцијата на новиот албум. Како и секогаш, членовите на бендот се подготвени да ја пречекаат публиката со возбудливи и непредвидливи моменти, збогатени со многу гости, нови инструменти, различни звуци, 10 нови композиции, 10 поинакви ликови, 10 различни приказни и сите испеани на македонски. Албумот “13/13” ќе биде промовиран со почеток во 21 часот.
Пред публиката ќе се претстават: Сеад Хаџиќ – Сецко (гитара, теремин, мандолина, мандола, перкусии), Огнен Мангаровски (гитара), Игор Стојановски (гитара), Соња Димитриоска (вокал 10, флејта 6), Сашко Костов (вокал, текст 8, гитара , перкусии, синт, тапани, бас), Џоле Максимовски (бас, усна харфа), Дино Милосављевиќ (тапани, перкусии), Горан Трајкоски – Го-Тра (вокал, текст, сакс 2, 3), Владимир Петроски – Картер (вокал, текст 4).
Гостуваат Чиста Околина, Ристо Солунчев (текст, вокал 5), Самоил Петрески (вокал 5), Виктор Георгиев ( вокал 5 ), Јане Јосифовски (вокал,скреч 5), Мирко Попов (вокал, текст 6), Андријана Јаневска (вокал, текст 7), Огнен Анастасовски – Окац (вокал, текст, ситар, синт 9), Весна Апасиева (оратор, 8), Петрит Сарачини – Мра (усна хармоника 1), Мухамед Ибрахими (гитара 1), Драган Гиновски – Гино (соло гитара 5, 7 ) и Тина Иванова (теремин 10). Издавач на албумот е “Литиум рекордс”.
Подготви: Викторија Трајковска
