Премиера

24 Промо: Валентина Ѓоргиевска Парго – “Убавецот мој” (Видео)

Познатата македонска новинарка Валентина Ѓоргиевска Парго од неодамна зачекори и во музичките води. Таа покрај останатите настапи, летото кое е речиси зад нас, настапи на “Канео фест” кој што традиционално се одржува во Охрид. Парго на овој фестивал ја доби Гранд При наградата. За музиката на победничката “Убавецот твој” се погрижи Ристо Апостолов, додека пак текстот го напиша Цане Трајчевски.

Познатата Валита (како што сите добро ја познаваме во нашите новинарски кругови), денес на YouTube го пушти својот прв видео спот кој е во изработка на К-Тим продукција и Стевче Дечев, а во истиот се појавуваат и Јована Струмениковска, Бобан Тодоровски, познатиот стилист Даниел Николовски и Ана Николовска. На Парго и посакуваме уште многу песни и награди, а во продолжение погледнете го ексклузивно првиот спот на нашата Вале за песната “Убавецот мој” на следниот линк: Валита – “Убавецот мој”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: