После одличниот настап на хип-хоп фестивалот “Fresh Island” на монденското место Зрче на островот Паг во Хрватска, каде што настапи на истата сцена со големите Snoop Dogg, ASAP Roky и Madcon, нашиот DJ Shorty P ака Панчо продолжува со освојување на балканските метрополи. Следен на листата е Белград, каде што наредната среда на 18-ти септември Панчо ќе има свој DJ сет во најдобриот белградски хип-хоп и р&б клуб “Freestyler” каде што излегува белградската елита и џет сет.
“Чест ми е што сум еден од ретките македонски DJ-и кои имале свој настап во овој еминентен клуб. Ќе се потрудам белграѓани да примат многу позитивни вибрации и да им овозможам забава за која ќе зборуваат долго време”, изјавува Shorty P. После настапот во Белград, Панчо ќе продолжи со неговите настапи во Македонија, а следна држава во која ќе има свој сет ќе биде Швајцарија.

